ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ Е 7,9 ДЕНАРИ ЗА КИЛОВАТ Пониска е за 8,7% од ланската во истиот период

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 881,5 до 1.538 денари за гига џул по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата, пак, е 2.065,14 денари за гига џул.

54

Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5,611 до 15,403 денари за киловат час, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7,945 денари за киловат час, што претставува намалување од 8,7% во споредба со второто полугодие од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2025 година изнесува 7,271 денари по киловат час, што претставува раст од 0,7 % во споредба со второто полугодие од 2024 година.






Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 881,5 до 1.538 денари за гига џул по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата, пак, е 2.065,14 денари за гига џул.

Според групата на крајни потрошувачи, класифицирани според нивната просечна годишна потрошувачка: намалувањето, односно зголемувањето на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од пад од 13,7  до раст од 9,4%.

Зголемувањето , пак, на просечната цена на природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,6  до 10,2%.

Поврзани содржини