ГЕРАСИМОВСКИ ВЕТИ НОВ ПРОЕКТ ЗА ЖИВОТНИТЕ Ќе се вакцинираат и микрочипираат бездомните кучиња во Центар

Кандидатот за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, најави дека во новиот мандат ќе започне голема акција за заштита на бездомните животни и домашните миленици, со цел побезбедни улици и хумана заедница.

152

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски денеска најави нов проект подобрување на благосостојбата на животните.

– Во новиот мандат, ги вакцинираме бездомните кучиња и домашните миленици како важен чекор кон безбедни улици и здрави заедници. Вакцинирањето ќе штити од беснило и други заразни болести, а микрочипирањето ќе овозможи брза идентификација и враќање на изгубени миленици – рече Герасимовски.






Тој додаде дека веќе се поставени нови куќички за бездомни животни во Паркот на франкофонијата, кои претставуваат безбедни и хумани засолништа за кучињата што живеат на улица.

– Продолжуваме да се грижиме за домашните миленици, за Центар што го сакаме. Нашата визија е Центар да биде општина која покажува грижа, хуманост и одговорност кон секое живо суштество – порача Герасимовски.

Поврзани содржини