ДВАЈЦА ПИСАТЕЛИ ЈА ОДБИЛЕ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА Пастернак се плашел од советскиот режим, Сартр не сакал да биде институционализиран
Во минатото, двајца писатели ја одбиле престижната Нобелова награда за литература, а секој од нив имал своја добра причина за тоа.
Кралската шведска академија го објави добитникот на Нобеловата награда за литература – Ласло Краснахоркаи.
Меѓутоа, оваа престижна награда ја следеле и контроверзни одбивања. Досега, двајца добитници ја одбија Нобеловата награда за литература, што го стави комитетот во незгодна позиција.
Едниот од нив, рускиот писател Борис Леонидович Пастернак ја одбил Нобеловата награда за литература во 1958 година. Неговиот роман „Доктор Живаго“ ги третира советскиот социјализам и Црвената револуција на прилично „либерален“ начин и затоа бил забранет во СССР. Многу години подоцна, е откриено дека ЦИА тајно ја промовирала книгата во Советскиот Сојуз.
Пастернак доби награда за книгата, која беше претворена во популарен филм, но тој ја одби од страв од советскиот режим.
Филозофот Жан-Пол Сартр ја добил Нобеловата награда за литература во 1964 година, но ја одбил. Според неговото официјално објаснување до Нобеловиот комитет, тој рекол дека не сака да биде институционализиран како писател.
– Не е исто ако се потпишувам како Жан-Пол Сартр или како Жан-Пол Сартр, добитник на Нобелова награда. Писателот мора да се спротивстави на претворањето во институција, дури и кога такво нешто се случува на почесен начин – рекол Сартр.
Нобеловите награди се доделуваат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, пронаоѓачот на динамитот, кој сакал секоја година од неговиот фонд да се издвојуваат пари за придонеси за човештвото.
Наградата ја доделува Шведската академија на науките, а добитникот добива паричен износ од малку повеќе од 1.000.000 евра.