РОНАЛДО Е ПРВИОТ ФУДБАЛСКИ МИЛИЈАРДЕР Платите, спонзорствата и бонусите што го направија Португалецот многу богат

Оваа достигнување ја потврдува позицијата на Роналдо не само како фудбалска легенда, туку и како еден од најуспешните спортски претприемачи на светот.

215

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој ја надминал границата од една милијарда евра во лична заработка, објави „Блумберг“.

Четириесетгодишниот Роналдо ја постигна оваа неверојатна бројка со последното продолжување на договорот со саудискиот клуб Ал Наср, во вредност од приближно 360 милиони евра. Според проценката на Блумберг, неговото богатство сега изнесува приближно 1,2 милијарди евра.






Блумберг го проценува богатството на Роналдо на нешто повеќе од 1,2 милијарди евра со што Португалецот стана првиот фудбалер во историјата кој ја надминал границата од една милијарда евра заработка Роналдо заработи над 470 милиони евра плата помеѓу 2002 и 2023 година. Тој, исто така, потпиша десетгодишен договор со „Најк“ за речиси 16 милиони евра годишно и други спонзорства со брендови како „Армани“ и „Кастрол“, додавајќи над 150 милиони евра на неговата нето вредност.

Неговиот трансфер во Ал-Наср во 2023 година му донесе околу 172 милиони евра годишна плата и бонуси ослободени од данок, плус привилегии, вклучувајќи бонус од нешто повеќе од 25 милиони евра.

Поврзани содржини