ПАФ ДЕДИ БАРАЛ МИЛОСТ ОД ТРАМП Осудениот рапер контактирал со Белата куќа веднаш по пресудата
Според извори, тимот на Паф Деди контактирал со Белата куќа веднаш откако неодамна раперот беше осуден на 50 месеци затвор.
Шон Диди Комбс се обидува да ја искористи најсилната можна врска за да избегне затвор. Имено, американскиот претседател Доналд Трамп открил дека познатиот рапер побарал претседателско помилување, пишува Лос Анџелес Тајмс.
Трамп ги споделил информациите со новинарите во Белата куќа, потврдувајќи дека добил конкретно барање во врска со Комбс. „Јас го викам Паф Деди; тој ме замоли за помилување“, изјави претседателот.
Според извори, тимот на Диди контактирал со Белата куќа веднаш откако раперот бил осуден на 50 месеци затвор минатиот петок. Се вели дека барањето го поднело лице многу блиско до Диди, кое разговарало со функционер на Белата куќа со директен пристап до Трамп.
Претседателот не прецизирал за време на разговорот со новинарите дали ќе го одобри барањето на Диди, оставајќи ја својата одлука отворена засега.
За потсетување, минатата недела, судијата Арун Субраманијан го осуди Диди на 50 месеци затвор, или нешто повеќе од четири години, за неговата пресуда по две точки, за организирање превоз поради проституција. Покрај затворската казна, тој го казни и со парична казна од 500.000 долари, што е максималната сума што можеше да ја изрече.
Судијата рече дека нема сомнение дека Шон Диди Комбс бил лојален на своето семејство, но го отфрли обидот на одбраната да ги прикаже неговите фрик-оф забави и хотелски ноќи како интимни, доброволни искуства или како „приказна за секс, дрога и рокенрол“.
– Историјата на добри дела не може да ја избрише моќта и контролата што ја имавте врз жените за кои тврдите дека сте ги сакале. Ги злоупотребувавте физички, емоционално и психолошки и го искористивте тоа за да го добиете она што го сакавте – рече судијата. Тој додаде дека бил лично присутен за време на сведочењето на Кеси Вентура и „Џејн“.
Дејствијата на Диди, според судијата, биле сериозни злосторства кои „непоправливо им наштетиле на две жени“ кои сè уште ги чувствуваат последиците денес.
– Ова однесување се случувало во текот на една деценија и било исклучително често во тој период. Зошто траело толку долго? Затоа што имавте моќ и ресурси да го одржувате тоа. И затоа што не ве фатија – рече судијата.