📽️ 📷 СЕ УРНА ДЕЛ ОД ЗГРАДА ВО МАДРИД Дронови и кучиња бараат исчезнати лица, некои се сериозно повредени

Итните служби се на терен, пожарникари и полиција трагаат по исчезнатите лица, додека делови од зградата се урнале за време на градежни активности.

648

Три лица се повредени, а петмина се водат како исчезнати по делумно уривање на зграда во Мадрид, објавија шпанските медиуми. Несреќата се случила денеска за време на реновирање на зградата.

Шпанскиот државен радиодифузер ТВЕ јави дека пожарникарите и службите за итни случаи продолжуваат да трагаат по петмината исчезнати. Противпожарната служба соопшти дека се урнале „неколку ката“ од објектот, а полицијата е присутна на местото на настанот.

 






Во објавено видео од службите за итни случаи на социјалната мрежа „X“, се гледа фасадата на зградата покриена со церада, која обично се користи при градежни и реновирачки активности на стари објекти.

Засега официјални информации за состојбата на повредените лица и идентитетот на исчезнатите не се потврдени, а службите продолжуваат со пребарувањето на урнатините.

Поврзани содржини