🎥 ПРИБЕРИ СИ ГИ РАЦЕТЕ! Обожавател сакал да го искористи правењето селфи за да го допре задникот на Дуа Липа
Посебниот момент на пејачката со обожавателите бил прекинат од потегот на маж кој несоодветно ја допрел. Таа го прегрнала за да направат селфи, а почнал да ја спушта раката кон нејзиниот задник...
Пејачката Дуа Липа неодамна настапила во Лос Анџелес, каде камерите снимиле инцидент што се случил кога ѕвездата се приближила до публиката. Дуа сакала да ги поздрави своите обожаватели, па се сликала со некои од нив.
Сепак, посебниот момент со обожавателите бил прекинат од потегот на маж кој несоодветно ја допрел. Мажот бил во првиот ред кога пејачката му се приближила и го прегрнала. Прво ја ставил раката на нејзиниот грб, а потоа ја спуштил пониско, кон нејзиниот задник.
Обезбедувањето кое било до Дуа веднаш ја тргнало неговата рака од пејачката.
Видеото од тој момент стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го осудија однесувањето на мажот.
– Ова буквално ми го превртува стомакот… Дуа само се обидува да се приближи до своите обожаватели, а некои луѓе го сфаќаат тоа на најлош можен начин. Ги мразам таквите луѓе – напишала девојката која прва го објави видеото на X.
this makes me feel sick to my stomach… dua tryna be closer to fans and people taking it to weird levels… i hate people pic.twitter.com/2OQdaSvyR7
— sam 🌊 (@tkowdeluxe) October 5, 2025
Пејачката моментално е на својата „Турнеја „Радикален оптимизам“. Таа ја започна турнејата во ноември 2024 година во Сингапур, а својот последен концерт ќе го одржи во декември оваа година.