ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ТЕТОВО Касами најави дом за стари лица и центар за активно стареење

Ќе обезбедиме услуги кои им овозможуваат на постарите граѓани активен живот преку сервисот „Помош и нега во домот“, а ќе има и нова услуга „Личен асистент“ за лицата со попреченост, најави кандидатот на Вреди за градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

73

На почетокот од својот мандат го затекнав градот во хаос, им рече денеска градоначалникот на Тетово и кандидат за втор мандат, Билал Касами на членовите на Здружението на пензионерите.

– Не беше работено ниту за Албанците, ниту за Македонците, ниту за младите, ниту за повозрасните, ниту за кој било – беше работено само за еден тесен круг на интереси. Градот беше заглавен во долгови, со уништени улици и лоши јавни услуги – истакна Касами.






Тој нагласи дека денес Тетово е целосно променет и станал град кој се грижи за инфраструктурата, животната средина, културата, уметноста и спортот, како и за најранливите категории граѓани.

Касами посочи дека Владата и Општината покажале конкретна грижа за пензионерите со зголемување на пензиите за 7.000 денари во период од 15 месеци, што никогаш претходно не се случило. Тој посочи и на проектот „Меѓуетничките средби на пензионерите“ што бил поддржан со буџет од 200.000 денари.

Градоначалникот најави дека во вториот мандат ќе продолжат да ги реализираат мерките од програмата „Еден глас за Тетово“.

– Ќе изградиме Дом за стари лица, ќе обезбедиме услуги кои им овозможуваат на постарите граѓани активен живот преку сервисот „Помош и нега во домот“, ќе отвориме Дневен центар за активно стареење, ќе има финансиска поддршка за социјално загрозените категории и нова услуга „Личен асистент“ за лицата со попреченост – најави Касами.

Тој истакна дека јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен за сите граѓани, нагласувајќи дека Тетово ќе се грижи за сите граѓани, без разлика на етничка припадност, вероисповед, возраст или социјален статус.

Поврзани содржини