„ФРАНКЕНШТАЈН“ ДОМИНИРА ВО ЕВРОПА Ова се симптомите на новиот сој на коронавирус!

Станува збор за варијанта што претставува комбинација од два под-соја на омикронската варијанта, објави швајцарскиот јавен сервис.

630

Новиот сој на коронавирус, означен како „XFG“ и со прекар „Франкенштајн“, стана доминантен во Европа, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), овој сој учествувал со повеќе од 80 проценти од регистрираните инфекции на почетокот на септември.

Како што објаснува специјалистот за заразни болести Алесандро Дијана, експерт на платформата „InfoVac“, станува збор за варијанта што претставува комбинација од два под-соја на омикронската варијанта, објави швајцарскиот јавен сервис.






Иако новиот сој е значително позаразен, не се смета за поопасен во однос на сериозноста на симптомите, а клиничката слика останува слична, со симптоми на кивање, болно грло и болки во мускулите.

– Секое лице кое моментално има симптоми на настинка, болно грло и болки во телото, можно е да има ковид – рече д-р Дијана.

Тој нагласува дека достапните вакцини се сè уште ефикасни против оваа варијанта на вирусот.

Поврзани содржини