🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ГО УБИ ТЕРОРИСТОТ ШТО НАПАДНА СИНАГОГА ВО МАНЧЕСТЕР Три лица се мртви, три се тешко повредени

Полицијата го третира нападот како терористички. Мажот прво со автомобилот удрил во група луѓе во близина на синагогата, а потоа излегол од возилото и ги нападнал со нож.

3,255

По нападот врз синагогата во Манчестер, полицијата објави дека напаѓачот на синагогата е мртов, а на тоа место имало силна експлозија.

– Можеме да потврдиме дека три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот, кој беше застрелан од припадници на полициските сили во Манчестер – објави полицијата.






На местото на нападот, зад полицискиот кордон во Крампсал, на север од Манчестер, се слушнала силна контролирана експлозија.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како полицајци ги предупредуваат минувачите да се „повлечат“ и да „одат од таму“ бидејќи осомничениот има бомба.

Полицијата сè уште не потврдила дали е пронајден сомнителен уред, но на местото на настанот е испратена единица за деактивирање бомби.

Полицијата го третира нападот како терористички. Мажот прво со автомобилот удрил во група луѓе во близина на синагогата, а потоа излегол од возилото и ги нападнал со нож. Три лица се потешко повредени. Две лица се убиени.

Нападот се случи на Јом Кипур, најважниот еврејски празник.

Жител на авенијата Вајтхаус, која не е далеку од синагогата, рече дека видел двајца мажи како се водени со лисици од страна на полицијата.

Тој додаде дека бил на работа кога неговата сопруга го повикала веднаш да се врати дома поради инцидентот.

– Ја затвориле улицата и над нас имало полициски хеликоптер. Имало шест или седум полициски автомобили со вооружени полицајци – рече тој.

Пратеникот од Лабуристичката партија Греам Стрингер изјави дека има еврејско училиште во близина на синагогата и дека сега е под „силно обезбедување“.

– Депресивно е и ужасно што постои чувство дека овие деца се толку ранливи и дека безбедноста мора да се плати во нивното училиште – изјавил тој.

Тој додаде дека зголемувањето на нападите врз Евреите „не треба да го промени фактот дека всушност огромното мнозинство луѓе од еврејските, муслиманските и од другите заедници покажуваат вистинска толеранција и решеност да живеат едни со други во мир“.

Осомничениот терорист, кој носел панцир и можна експлозивна направа, бил застрелан од полицијата кратко по нападот врз верниците во синагогата Хитон Парк.

Нападот се случил кратко пред 9:30 часот наутро на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар.

Поврзани содржини