„РИСОВИТЕ“ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА БЕЛГИЈА И ЗА КАЗАХСТАН Милевски го објави списокот од 26 играчи за мундијалските квалификации
Македонските фудбалери овој месец ќе гостуваат кај Белгија во Гент на 10 октомври, а потоа ќе го пречекуваат Казахстан во Скопје на 13 октомври.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани играчи за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026. Македонските фудбалери овој месец ќе гостуваат кај Белгија во Гент на 10 октомври, а потоа ќе го пречекуваат Казахстан во Скопје на 13 октомври.
Милевски го повика најдоброто што македонскиот фудбал моментално го нуди. На списокот се следните играчи:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија).
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија).
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија).
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија).
Македонија моментално е лидер во групата со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс, што ја става нашата репрезентација во одлична позиција пред овие две клучни натпревари.
Следните квалификациски натпревари се клучни за продолжување на македонската борба за пласман на Светското првенство 2026. Со силниот тим и досегашната лидерска позиција во групата, надежите на фудбалската јавност се високи.