КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ЗА ДЕМНЕЊЕ ДЕВОЈКА Имал судска забрана да ѝ се приближува

Девојката го пријавила случајот на 9 април годинава, по што судија од Основен суд Куманово му изрекол мерка за претпазливост и недоближување. Откако тој ја прекршил оваа мерка полицијата го пронашла и го уапсила.

255

Уапсен е Кумановец кој подолго време следел и вознемирувал девојка од истиот град, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманов“ – се вели во соопштението.






Девојката го пријавила случајот на 9 април годинава, по што судија од Основен суд Куманово му изрекол мерка за претпазливост и недоближување. Откако тој ја прекршил оваа мерка полицијата го пронашла и го уапсила, а во службен разговор тој го признал делото. МВР информира дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини