ЗНАМ РАСПАЛИ ПО ГЕРАСИМОВСКИ ЗА НАДГРАДБАТА НА ОУ КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ „Зошто децата учат во објект без технички прием?“

Зошто децата во основното училиште „Коле Неделковски“ од 1 септември годинава учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измени во тек на градба?, прашува портпаролот на ЗНАМ на прес-конференција, давајќи детали во врска со договорот меѓу Општина Центар и изведувачот Вардарградба ДОО Скопје во 2023 и 2024 година.

271

Дали децата во ОУ „Коле Неделковски“ учат во дива доградбa?, го прашува партијата ЗНАМ актуелниот градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски, по наводите во медиумите дека доградбата на училштето нема технички прием.

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, најави дека од денес партијата почнува со серија прес-конференции со кои, како што вели, партијта ќе го разобличи „навидум невиното, скромното и наивно лице на Градоначалникот на СДСМ од општина Центар“.






Во продолжение го пренесуваме соопштението од пресот на Мемов:

„Четири години општината беше заложник на неспособноста, дволичноста и хипокризијата на Горан Герасимовски, кои се главни карактеристики на СДСМ во практикување на власта.

Наместо ред – безредие.
Наместо законитост – дивоградби.
Наместо грижа за граѓаните – грижа за лични и партиски интереси.
Дури и училиштата на нашите деца ги претвори во жртви на неговата неспособност.

Нема ништо поважно од безбедноста на нашите деца.
Но за жал, во изминатите четири години, градоначалникот на СДСМ Горан Герасимовски ја претвори Општина Центар во полигон за дивоградби – дури и во училиштата.
Наместо да обезбеди здрави и сигурни услови за нашите најмлади, дозволи импровизации и незаконски градби што го загрозуваат нивното секојдневие.

Го прашуваме градоначалникот на СДСМ, Герасимовски:

• Зошто децата во основното училиште „Коле Неделковски“ од 1 септември годинава учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измени во тек на градба?

• Дали децата во ОУ Коле Неделковски учат во дива доградбa?

• Дали катноста на училиштето не одговара на урбанистичкиот план во тој дел од Центар?

• Дали со цел да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во т.н. „технички простории“?

• Дали во тие „технички простории“ денес се изведува настава за нашите деца?

• Дали договорите за градба склучени меѓу Општина Центар и изведувачот Вардарградба ДОО Скопје во 2023 и 2024 година, во вредност од над 45 милиони денари или 735.000 евра, а според засегнатите и над 850.000 евра, содржат повреди на тендерската постапка?

Додека секој граѓанин мора строго да ги почитува процедурите за градба, изгледа дека за Општина Центар тоа не важи – дури и кога станува збор за објекти во кои учат нашите деца.

Ова е врв на безобразие и лицемерие, наместо да обезбеди безбедни услови за учениците, Герасимовски дозволил доградби и надградби без технички прием и без правосилни решенија.

Со кој морал Герасимовски и со кое право се фали со ‘успешни проекти’, кога во реалноста ги става децата во ризик и ја гази законитоста?!

Ова ли е визијата за Центар, импровизирани училници, дивоградба и злоупотребени пари на граѓаните?!

Наивноста и скромноста што сака да ја демонстрира Герасимовски се само маска.

Зад таа маска се крие човек кој во 4 години мандат дозволи дивоградби, незаконитости, нетранспарентни тендери и непочитување на елементарни процедури.

Затоа на 19 октомври ова ќе прекине!
Граѓаните ЗНААТ, и Центар ЗНАЕ!“, велат од ЗНАМ.

Поврзани содржини