🎥 „ОВА Е ТЕРОРИЗАМ!“ Запирањето на флотилата кон Газа го разгневи светот

Претседателот на Колумбија ги опиша дејствијата на израелските сили како „меѓународен злостор“ и го осуди притворањето на двајца колумбиски државјани во „меѓународни води“. Во знак на протест, најголемиот италијански синдикат најави генерален штрајк. Остро реагираше и Турција.

246

Колумбискиот претседател Густаво Петро ги протера израелските дипломати од Колумбија откако Израел ја запре меѓународната флотила за помош за Појасот Газа.

Пресретнувањето на флотилата го осудија и Турција и Хамас, нарекувајќи го израелското дејствување „чин на тероризам“ и кршење на меѓународното право.






Во знак на протест, најголемиот италијански синдикат најави генерален штрајк, а демонстрации се одржаа во повеќе италијански градови, меѓу кои и Неапол, каде што демонстранти го блокираа железничкиот сообраќај.

Претседателот на Колумбија ги опиша дејствијата на израелските сили како „меѓународен злостор“ и го осуди притворањето на двајца колумбиски државјани во меѓународни води.

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Израел минатата година, но четворица израелски дипломати останаа во земјата.

Израелското Министерство за надворешни работи претходно објави дека сите патници од флотилата „Глобал Сумуд“, вклучувајќи ја и шведската активистка Грета Тунберг, се однесени во израелско пристаниште и се „неповредени и во добра здравствена состојба“.

Турското МНР соопшти дека станува збор за „сериозно прекршување на меѓународното право што ги загрозува животите на цивили“.

Хамас оцени дека акцијата на израелската морнарица е „гусарска и претставува поморски тероризам над цивили“, како и „предавство и агресија“ со апсење на активисти и новинари.

Флотилата „Глобал Сумуд“ пренесува хуманитарна помош за Газа. Израелското МНР соопшти дека припадници на морнарицата се качиле на повеќе бродови, при што биле приведени активисти, меѓу нив и шведската активистка Грета Тунберг. На објавено видео се гледа како израелски војник ѝ ги враќа личните предмети по приведувањето.

Бродовите се безбедно запрени, патниците се префрлени во израелско пристаниште, а Грета и останатите активисти се живи и здрави“, се наведува во соопштението. Активистите ќе бидат депортирани.

Поврзани содржини