ПОЧНУВА НАТПРЕВАРОТ МИЛИОНЕР СРЕДНОШКОЛЕЦ Наградата за бизнис идеја изнесува 1.000.000 денари

Првата рунда е од 1 до 26 октомври во чии рамки сите заинтересирани средношколци треба ја достават својата иницијална бизнис идеја на страната milioner.mk. Се охрабруваат средношколците да формираат тимови од три до шест учесници, за да има поголема вредност и да се пробијат подалеку низ рундите. На крајот од рундата се одбираат 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунди, вели Огнен Трипуноски, оперативен директор во групацијата Бреинстер, објаснувајќи го процесот.

120

Натпреварот за средношколци СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР, посветен на развојот на претприемачкиот дух и креативни бизнис идеи кај младите, официјално почнува денеска. Главната награда за најдобрата бизнис идеја изнесува 1.000.000 денари.

Организаторите Brainster Next College – првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, како и NU High School Academy – академијата за талентирани средношколци, го најавуваат натпреварот како најголем од ваков вид во земјава и регионот.






Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година во земјава.

– Нашата цел е да им дадеме простор на средношколците да размислуваат како претприемачи, да развиваат креативни идеи и да учат преку реални предизвици. Во време кога младите бараат шанса да го покажат својот талент и визија, овој натпревар е токму тоа, платформа што ги мотивира да бидат проактивни и да ја гледаат иднината со повеќе можности – рече денеска Огнен Трипуноски, оперативен директор во групацијата Бреинстер.

Натпреварот се организира во неколку фази.

 

– Првата рунда е од 1 до 26 октомври во чии рамки сите заинтересирани средношколци треба ја достават својата иницијална бизнис идеја на страната milioner.mk. Се охрабруваат средношколците да формираат тимови од три до шест учесници, за да има поголема вредност и да се пробијат подалеку низ рундите. На крајот од рундата се одбираат 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунда. Во втората рунда најдобрите 50 идеи продолжуваат на јавно гласање во периодот од 3-ти до 16 ноември. Оние 20 кои ќе освојат најмногу гласови во процесот на гласање продолжуваат во следната рунда. Гласањето се отвора со старт на рундата и се затвора со крај на рундата. 20-те победнички бизнис идеи во периодот кој следи добиваат бесплатна подготовка со ментори за последните две рунди. Третата рунда е закажана за 29 ноември кога во просториите на академијата НУ и колеџот Некст, 20-те полуфиналисти ќе ја презентираат својата идеја во времетраење од 90 секунди пред група инвеститори кои ќе ги одберат најдобрите 10 што ќе продлжат во следната рунда. Потоа следува финалето или големото завршно натпреварување кое ќе се одржи на 30 ноември во просториите на академијата НУ и колеџот Некст каде финалистите ќе презентираат по пет минути пред група инвеститори кои ќе ја одберат победничката бизнис идеја што ќе ги освои предвидените 1.000.000 денари – објасни Трипуноски.

Тој ги охрабри сите средношколци да се пријават и да ја искористат шансата.

– Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе создадат нашите млади таленти – рече Трипуноски, според кој СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР е вистинска можност младите да ги развијат своите идеи, да учат од искусни ментори, да стекнат контакти и да се подготват за иднината како лидери и претприемачи.

Поврзани содржини