НАПАД НА ПАРКОМАТИ ВО СКОПЈЕ Две лица одзеле пари од јавни паркинзи во текот на ноќта

МВР трага по сторителите на ноќната кражба во катната гаража и трговските центри.

764

Две непознати лица со употреба на сила отворале паркомати во неколку локации низ главниот град и одзеле пари. Ова во Секторот за внатрешни работи Скопје било денеска пријавено од страна на ЈП „Градски паркинг“.

Како што информираат од полицијата, во периодот од 04:03 до 05:50 часот биле насилно отворени паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булеварот Кочо Рацин, како и во Градскиот трговски центар.






Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.

Поврзани содржини