ГЕРАСИМОВСКИ ВЕТИ СОВРЕМЕН СТАРСКИ ДОМ ВО ЦЕНТАР Ќе има место за 50 лица

Современиот дом за стари лица би бил со субвенционирана цена од 200 евра во денарска противвредност.

76

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, најави изградба на современ дом за стари лица пред пензионерите во рамки на одбележувањето на денешниот Меѓународен ден на стари лица.

Современиот дом за стари лица би бил со субвенционирана цена од 200 евра во денарска противвредност.






– Ова беше едно од главните барања на нашите пензионери. Сите знаеме колку е тешко и скапо сместувањето во приватни домови, затоа се одлучивме за овој чекор што ќе им обезбеди достоинствено стареење на нашите постари сограѓани – рече Герасимовски.

Домот е предвиден да обезбеди сместување за 50 лица, со услови усогласени со европските стандарди. Секој корисник ќе има пристап до 24-часовна медицинска грижа, квалитетна и разновидна исхрана, како и до богат спектар на социјални активности кои ќе овозможат активно и исполнето секојдневие.

– На тој начин пензионерите не само што ќе бидат згрижени, туку ќе добијат можност за достоинствено стареење – рече Герасимовски.

Поврзани содржини