КОЈ СПРЕМА ОПЕРАЦИЈА СО ЛАЖНО ЗНАМЕ ВО ПОЛСКА? Институтот ИСВ вели едно, руските служби спротивното
Според ИСВ, приказната на руското разузнавање СВР е извртена, односно Русија и Белорусија се тие кои би стоеле зад нападот кој би служел да се обвини Украина за ексалирање на ситуацијата во Полска.
Русија и Белорусија може да спроведат операции за саботажа со специјални сили насочени кон критичната инфраструктура во Полска и да лансираат дополнителни дронови, а за тоа да ја обвинат Украина, тврди познатиот Институт за анализа на војната во САД (ИСВ).
Притоа, Институтот ги коментира наводите на руските служби кои, во свое соопштение од 30 септември, го тврдат токму спротивното – дека вакво сценарио може да подготви Украина со помош на Полска, па да ги обвини Русија и Белорусија.
Според ИСВ, приказната на руското разузнавање СВР е извртена, односно Русија и Белорусија се тие кои би стоеле зад нападот.
Што тврдела руската служба СВР на 30 септември? Дека напад со лажно знаме би можел да изведен со руски и белоруски државјани од проукраинскиот Легион за слобода на Русија и полкот Кастус Калиновски во Полска.
Понатаму, трупите од овие организации ќе се претстават како персонал на руски и белоруски Спецназ на прес‑конференција откако полските безбедносни сили ќе ги заробат и дека потоа проукраинските сили ќе ги обвинат Русија и Белорусија за инцидентот.
СВР тврдел и дека Украина може истовремено да изврши „напад“ врз критичната инфраструктура во Полска со цел „да ги зајакне јавните реакции“.
Дали Кремљ подготвува терен за да ја обвини Украина за идни напади? Серијата од инциденти со дронови во Полска, Естонија, Данска, Германија и најново, во Норвешка, ги упалија алармите во ЕУ за посилна одбрана од можна руска закана.
Една од најавените идеи од челниците на одбраната на ЕУ е формирањето таканаречен ѕид од дронови, сложен систем од радарски кули, дронови и друга висока технологија кој би ги штител гранците на НАТО и на ЕУ од евентуален конфликт.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 30 септември објави дека ЕУ ќе издвои две милијарди евра за Украина за производство на дронови.
Во извештајот на ИСВ се вели и дека Кремљ планира да организира немири во Молдавија пред официјалното признавање на победата на про-европската партија на Маја Санду на изборите кои се одржаа на 28 септември.
„Кремљ постави разузнавачки терен за да поттикне протести во Молдавија дури до крајот на ноември 2025 година“, анализира ИСВ.