Ем шути, ем бодат

И како тогаш, токму во стилот на нарoднана „ем шуто, ем боде“, „лидеро“ се провикнува на митинзите дека баш оваа власт не сака ни реформи ни правда? Ама они – сакаа? Па што не ги направија?!

597

Ако куќнион совет, фрлен на македонската политичка ветрометина да ја глуми онаа сдсм (малите букви се…), сака да докаже дека е народна партија па „игра“ според народните поговорки, сепак катастрофално греши: ги избира само „лошите“, негативните. Ама според нивните активности, само таквите им одговарааат!

Тоа се случува и сега со оние не само страотно неписмени туку и политички смешни „црвени линии“, коишто нивниот „лидер“ ги прогласува за „најпатриотски документ што некогаш бил поднесен“!?! Па ве молам, има ли подобра споредба за оваа изјава од онаа народната – ем шуто, ем боде?!






Но, со „најпатриотскиот документ“ ќе сме се занимавале, нели, по изборите. Меѓутоа, останува уште една многу важна, ако не и поважна точка во нивната арогантна агенда – реформскиот процес во државата – којшто, повторно, целосно се вклопува во посочената народна поговорка.

Зашто, кога нивниот строј на приземни провинциски „интелектуалци“ вгнездени во калливите сокаци на македонската хибридизирана политика од самите нејзини ново-стари почетоци (повторно) започнува да држи реформски лекции, кога јавно предвидува краеви и нови почетоци пак замислувајќи се себеси на некој облак над нас, кога дел од оние најмизерни болшевички „општествено-политички работници“ роморат низ кафеаните за некакви реформи во државава…, тоа е знак дека нештата во земјава веројатно се движат во добра насока којашто тие ја гледаат како пречка за нивните планови.

Па уште кога ќе ги видите како понизно се редат зад повторно воинствениот Ахмети и недостојно навиваат за онаа криминална дуи (малите букви се…) и нејзините пророкувања за некакво „бришење патос со ВЛЕН“ и за поделба на Македонија, повеќе од јасно е дека ги јаде јанѕата, гризат нокти (па и цели прсти!), полека но сигурно ги фаќа ужас дека ова – ќе трае. Без нив и нивните семејства, без нивните партиски другарчиња и криминални пајташи, без „рачињата во медот“ (како што се силеше онаа расипикуќа!).

И затоа, кога овој веќе смешен тамбурашки оркестар „општествено-политички работници“ се провикнува дека власта овде упорно го отфрла „единствениот спас на Македонија да биде успешна држава со остварени реформи“, всушност глуми дека заборавил дека нивните провинциски „прогресивци“ седум години не го спомнаа зборот реформи, инаку клучен за македонските евроинтеграции.

Зошто? Некој им пречеше, и кој? Баш „ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски“? Сигурни ли се, или како и обично сонуваат дека ја пеат „Bella ciao“, само со погрешни зборови? Како што не знаат ни многу други нешта, ама „знаат“ дека реформите се „консензусот на сите релевантни политички партии“!

Па зошто толку години не го бараа од нивната „партија“ тој консензус и тие реформи? Туку уживаа во улогата на владетели, иако тоа во најголем процент значеше комплетно ограбување на државата? Или, можеби, тоа беа „реформите“: укради колку можеш?!

Ама сега, денес, токму тие неопходни реформи стануваат еден од клучните елементи не само во евроинтегративниот процес туку и во внатреполитичкиот миг на државата. Впрочем, секогаш и биле, само тогашните властодршци се затскриваа зад други „проблеми“. Токму денес на дело ги гледаме сите „црни дупки“ во нереформираниот правосуден систем којшто, нели, ќе го отвораа „како пупка“. А всушност го дозатворија, го херметизираа никој да не може да го чепне.

Ама упорно, дури и во врска со Кочани, молчат дека сите овие се нивни „кадри“, дека орото – она „тешкото“ – го водат нивните сјо-овки и остатоците од криминогената фела, дека овој „обвинител“ е нивни „обвинител“, дека и оној судски совет (малите букви се…) е нивни… Или сите овие не спаѓаат во неопходните реформи? Или сите оние претходни седум години нивниве работеа самостојно, независно…, ама сега, со оваа власт, започнаа да работат по политички диктат?

Па зарем некој сериозно мисли дека не е политички – поправо политикантски – диктат ако јавно се бара обвинението за Кочани да се ограничи само на оваа власт? И да се заборави сѐ што се случувало (не само) таму претходните години? Или тие години мора да ги заборавиме? А зошто?

И како тогаш, токму во стилот на нарoднана „ем шуто, ем боде“, „лидеро“ се провикнува на митинзите дека баш оваа власт не сака ни реформи ни правда? Ама они – сакаа? Па што не ги направија?!

Само една паралела: извиканиот и многу често неправедно исплукан Трамп како претседател на САД седна во „Овалната соба“ со готов план за реформи на државната администрација и надворешнополитичката агенда. И ги спроведе двете, за рекордно време од неколку месеци.

Оние слепци од некогашната сдсм (малите букви се…) на чело со Заев, Шеќеринска и нивната дружина заседнаа на власт во Македонија со клучната помош на народниот гнев и т.н. „Шарена револуција“ (на чело со „револуционерот“ Боки 13!) и – застанаа таму. Кај фотељите! Тоа очигледно беше нивната агенда и план за реформи зашто оттаму не мрднаа ни милиметар, не пак со малиот прст! Ама нивните пиони сега врескаат по сите други зошто не спроведуваат реформи!

Оние слепци седеа на власт цели седум години без да поместат камче во наследената соцреалистичка структура на државата, во криминалните гнезда (меѓу нив едно од најголемите во правосудниот систем!), во слепите точки на нефункционалната администрација…

Ги сместија задниците на неколкумина нивни фаворити во државните фотелји без план и програма за реформи, без идеја за реконструкција на системот во насоката неопходна за членство во еу (малите букви се…), а најмалку со мисла за целосна суштинска реконструкција на закостениот државен апарат!

А всушност, нивната „реформска“ агенда стана веднаш јасна кога го видовме „дрим тимот“ кој требаше да ја реализира: од онаа Царовска, па Ангеловска, па Шеќеринска, Димитров, Николовски, Османи…, па оној Ковачевски со неговиот апокалиптичен бенд…, па Димова, Катица и компанија, Боки 13…, дури и Мерко им беше министер без ресор!

Ама затоа сега подметнуваат дека баш овие денес не преземаат „ниту еден порадикален, реформски чекор кој засекува правец и прави разлика на вистинска промена“! Можеби токму Мерко, или Ковачевски, или онаа Ангеловска, па Катица… „засекуваа“ нови правци во македонската политика, од коишто некој водеа дури до Идризово?

А можеби реформски, засекувачки чекор беше сместувањето на некаква стручна соработничка на чело на судскиот совет?

Или можеби сериозно мислат дека Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и пропратните протоколи се тој очекуван и баран „засек“? Немам дилеми дека некои од нивната сурија така мисли, своеволно или под притисок. И можеби навистина треба, како што велат некои од нив, да почнеме да размислуваме дали некој овде фрла магии и праќа уроци што ги заблесавуваат ваквите групации, им ги „мијат“ мозоците или она што останало од нив?

Зашто, овие луѓе како вчера да се спуштени со падобран во Македонија, не знаат ни што правеле претходно ниту пак што се случуваше овде цели седум криминални години, сега (повторно) ќе ги обединува знамето на Ахмети и ќе се стројат кој на која страна ќе фати…! И никој упорно не кажува каде отишле оние пари коишто, како што тврдат, „земјите на Западна Европа, членки на ЕУ, кои трошат милијарди евра како поддршка на Македонија да ги оствари реформите“? Или ни на тоа не се сеќаваат?!

Како што одбиваат да се сетат и на фактот дека околу 200 закони и најмалку 3 милијарди евра инвестиции ја делеа Македонија од 2017 година од стандардите на европската унија за здрава животна средина. И повторно: кој тоа глумеше власт во државава од таа 2017 година па до 2024? Мицкоски, Силјановска-Давкова, ВМРО-ДПМНЕ… кој? Во чии раце граѓаните го ставија клучот за реформите во таа 2017 година, па после им го земаа зашто видоа со какви суртуци и криминалци си имаат работа?!

Поврзани содржини