📷 ЕКСПЛОЗИИ И ПУКАЊЕ ВО МИНХЕН Сè е блокирано, распоредени се специјални единици и експерти за бомби

Полицијата го пронашла телото на маж осомничен дека поставил експлозиви во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа извршил самоубиство. Друго лице е пронајдено со прострелни рани, објави Билд.

1,853

Сериозен инцидент се случи во северниот дел на Минхен, во кој најмалку едно лице загина, а неколку се повредени.

Според полицијата, имало пукање и експлозии на улицата Лерхенауер. Специјалните сили и екипите за деактивирање бомби се на местото на настанот.






Полицијата го пронашла телото на маж осомничен дека поставил експлозиви во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа извршил самоубиство. Друго лице е пронајдено со прострелни рани, објави Билд.

 

На фотографиите може да се забележи комбе кое е целосно изгорено, додека полицијата и екипите за деактивирање бомби работат на обезбедување на областа.

Сведоци велат дека детонациите се слушале на километри оддалеченост, а атмосферата на местото на настанот е напната, сирените се вклучени, а граѓаните се во шок.

Голем дел од областа е блокиран, а жителите и возачите се повикани да го избегнуваат. Сведоците велат дека може да се види голем облак чад, додека точните околности сè уште се истражуваат.

Полицијата соопшти дека нема опасност за јавноста и дека инцидентот не е поврзан со Октоберфест.

Поврзани содржини