ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНИ, ПА СЕПАК ИЗВЕЗЕ ОРУЖЈЕ ЗА ИЗРАЕЛ „Другата воена стока“ чини 2,46 милиони евра

Во одговорот до Левичарската партија, министерството навело дека се работи за „друга воена стока“, а не за оружје. Овие пратки, иако мали по вредност, следуваат по петнеделна пауза кога не биле издавани никакви дозволи за извоз. Според извештаите, се работи за резервни делови или секундарна воена опрема.

94

Меѓу 13 и 22 септември годинава, Германија дозволила извоз на воена стока за Израел во вредност од 2,46 милиони евра, иако официјално имала делумна суспензија на оружје поради конфликтот во Појасот Газа.

Веста ја потврди Сојузното министерство за економски прашања, како одговор на барање од Левичарската партија во Бундестагот, јави „Дојче Веле“.






Во одговорот до партијата, министерството навело дека се работи за „друга воена стока“, а не за оружје. Овие пратки, иако мали по вредност, следуваат по петнеделна пауза кога не биле издавани никакви дозволи за извоз.

Канцеларот Фридрих Мерц на 8 август наредил прекин на сите дозволи за извоз на стоки што може да се користат во офанзивата на Израел, откако официјален Берлин ја засилил критиката кон владата на Бенјамин Нетанјаху, но сè уште не вовел санкции.

Во одговорот на Министерството се споменуваат осум категории на можни извезени артикли, меѓу кои се ракети, торпеда, поморска опрема и воени бродови. Но бидејќи не станува збор за класифицирано „воено оружје“, туку додатоци, претпоставките се дека тоа се резервни делови или опрема.

Од почетокот на годината до 8 август, вкупната вредност на извозните лиценци за Израел достигнала околу 250 милиони евра, што покажува остар пад во последните месеци. Германија, и покрај дипломатските тензии, продолжува со одреден облик на поддршка за Тел Авив, но зад завеса од бирократски нијанси и формулации.

Поврзани содржини