КУМАНОВО ЌЕ БИДЕ НОВ ЕКОНОМСКИ ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ Димитриевски очекува нови инвестиции и повеќе работни места

134

Куманово заслужува да продолжи да се развива и да стане регионален економски центар на Балканот, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

– Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во којшто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија, ќе се зголемува бројот на работните места во градот, ќе имаме и домашни, но и странски инвестиции. Постојат такви можности и потенцијали и веќе во моментов се работи на нив, потврдени се голем број инвестиции во градот, тргнувајќи од инвестицијата на „Лидл“ која веќе достигна 108 милиони евра, потоа компании како „Армор плус“, „Дрекселмаер“ и домашни компании коишто реинвестираат во нашиот град – рече Димитриевски.






Според него, целта е да се зголеми економската моќ на кумановци и што поголем број млади луѓе да останат да работат во Куманово.

Димитриевски ги повика кумановци да го поддржат на локалните избори.

Тој се осврна на сработените 800 проекти во изминативе 8 години. Димитриевски рече дека особено е горд на проектот бесплатен автобуски превоз, кој не беше најавен во претходните програми.

ЗНАМ ќе одржи конвенција во среда на градскиот плоштад во Куманово во 19 часот.

 

Поврзани содржини