ЈА НЕМА КАТНАТА ГАРАЖА ВЕТЕНА ОД ЈАКИМОВСКИ Карпош нема нови 4 години за губење, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот на СДСМ, Заев и Филипче, Стевчо Јакимовски на граѓаните им вети дека ќе го реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. И по четири години проблемот не е решен, туку напротив, сега, за разлика од пред четири години, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

150

Ја нема катната гаража на улицата Орце Николов во Карпош 2, ветена од актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста нарекувајќи го Јакимовски кандидат на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче.

„Во изборната кампања во 2021 година, кандидатот на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, Стевчо Јакимовски вети катна гаража на Орце Николов.






Вети дека до 2025 година ќе изгради катна гаража на четири нивоа и дека со тоа ќе се реши проблемот со паркирањето во Карпош 2.

Еве ја дојде и ветената 2025 година, но катна гаража на Орце Николов во Карпош 2, нема. Тоа што го има се само дупки, купишта ѓубре и голем метеж, посебно во работните денови. Зошто граѓаните нема каде да ги паркираат своите возила, зошто хроничниот лажго и за катната гаража излажа.

Кандидатот на СДСМ, Заев и Филипче, Стевчо Јакимовски на граѓаните им вети дека ќе го реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. И по четири години проблемот не е решен, туку напротив, сега, за разлика од пред четири години.

Не може да му се верува на Стевчо Јакимовски, кандидат на СДСМ, Заев и Филипче, зошто исто како неговите поддржувачи, а зине а лаже, а вети нешто, не исполнува.

Јакимовски лаже како што лажеа Заев и Филипче.

Карпошани нема да дозволат, повторно Заев и Филипче, преку Стевчо Јакимовски, да имаат градоначалник во Карпош.

Општината нема нови 4 години за губење, затоа што е време за Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини