САМО ЃУБРЕ НАМЕСТО ПРОЕКТИ Јакимовски повторно лаже, како Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта тврди дека жителите на Лептокарија биле излажани со ветувања за паркинг, фонтана и фасади, кои за четири години не биле реализирани.

855

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција во која остро го обвинува кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, дека за време на неговиот мандат не реализирал ниту едно од предизборните ветувања дадени во 2021 година.

Од партијата велат дека Јакимовски, како кандидат поддржан од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, ги излажал граѓаните на општината, а особено жителите на населбата Лептокарија.






„Стевчо Јакимовски е човек кој ги излажа карпошани и кој не реализираше ниту еден проект. Како по примерот на Заев и Филипче, сè што Јакимовски предизборно вети, се излажа“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо ветените проекти за подземни паркинзи, плоштад и фонтана, граѓаните добиле само натрупани купишта ѓубре на паркингот во Лептокарија.

„Во 2021 година ветуваше подземно паркирање и најубава фонтана во Македонија. Четири години подоцна – ниту подземен паркинг, ниту фонтана, туку само пустелија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така од партијата посочуваат дека ниту проектот вреден 4 милиони евра за нови фасади на зградите во Лептокарија не е реализиран.

„Фасадите и денеска се стари повеќе од 20–30 години, а од најавите на Јакимовски остана само видеото со неговите шарени лаги“, се наведува во реакцијата.

Во заклучок, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Стевчо Јакимовски нема капацитет, не смее и не треба да биде градоначалник. Време е за Вистинскиот избор – со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“.

Поврзани содржини