ЌЕ ПОСАДИМЕ ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНИЛО ВО КАПИШТЕЦ, ЌЕ ГО ВРАТИМЕ МААЛСКИОТ ЖИВОТ ВО ДЕБАР МААЛО Лабудовиќ ќе го спасува Центар од хаосот

Неговата визија е Центар повторно да стане достоинствен дом за сите, каде граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, удобно и гордо што живеат во срцето на Скопје.

235

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, се обрати пред полна сала на Конвенцијата на ЗНАМ.

Со јасна визија и непоколеблива решителност за вистински промени, Лабудовиќ истакна:






– Не постои поголема чест од можноста да направиш нешто добро и корисно за заедницата во која си се родил и во која живееш.

Кандидатурата на Лабудовиќ, како што истакна самиот, не е само политичка одлука, туку личен повик и завет кон Центар, местото каде што е роден, израснат и каде денес живее со своето семејство.

Неговата визија е Центар повторно да стане достоинствен дом за сите, каде граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, удобно и гордо што живеат во срцето на Скопје.

Лабудовиќ ја претстави својата визија преку јасни чекори и ветувања за темелна обнова на секое маало во Центар.

– Во Дебар Маало мора да го вратиме духот на маалскиот живот, каде што сите се заедно, едни до други. Во Буњаковец ќе ја зачуваме енергијата на секојдневието, но ќе внесеме ред и достоинство. Во Пролет ќе го поддржиме младешкиот дух и ќе создадеме нови простори за спорт, дружење и култура. Во Крњево ќе ја поврземе традицијата со иднината. Ќе модернизираме и реконструираме, но ќе го зачуваме она по што е препознатливо. Во Капиштец и Мал Ринг ќе воведеме ред во урбаното и повеќе зеленило во модерното – посочи Лабудовиќ.

Мирослав Лабудовиќ се осврна и на катастрофалната состојба во Центар:

– Ја прифатив кандидатурата, затоа што навистина верувам дека сме подговени да ги промениме нештата и да го вратиме духот на Центар, духот кој години наназад е сотрен. Во нашиот Центар владее хаос – урбанистички, сообраќаен, комунален, еколошки. Не смееме да дозволиме тоа да продолжи!

Нагласувајќи ја важноста на граѓаните како столб на промените, Лабудовиќ најави отворена, транспарентна и достапна општина, која ќе биде партнер, а не бирократска пречка.

– Можеби промените започнуваат од еден човек, но за да се случат – потребни сте ми вие. Центарци ќе бидат мојот најважен тим, мојот главен играч! – порача кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ.

Оваа битка нема да биде едноставна. Оваа битка од денеска натаму ќе биде постојана. Ќе наидеме на многу пречки, но ние поинаку и не знаеме, порача тој.

– Влегов во политиката со искрени и чесни намери и ќе го оправдам тоа! Заедно со вас ќе победиме. Ќе победиме затоа што сум сигурен дека ќе се вложиме искрено, посветено и одговорно. Ќе победиме затоа што доаѓа нашето време. Време во кое ќе понудиме системски и одржливи решенија. Време во кое ќе покажеме како се управува со општина, како се сака држава – поентираше Лабудовиќ.

Поврзани содржини