„ГО ЗАОСТРУВАМЕ НУКЛЕАРНИОТ ШТИТ И МЕЧ“ Ким Јонг Ун издаде неочекувана наредба
Јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг соопшти дека Северна Кореја поседува два тона високо збогатен ураниум од 90 и повеќе отсто.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун нареди да се искористат сите ресурси за поддршка на нуклеарната програма со цел да се „изостри нуклеарниот штит и меч“ за да се заштити националниот суверенитет, безбедност и интереси.
Тој наведе дека главен приоритет за Северна Кореја е поддршката на нуклеарната програма.
Претходно, јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг соопшти дека Северна Кореја поседува два тона високо збогатен ураниум од 90 и повеќе отсто.
– Потребно е итно запирање на тој процес. Дури и во овој момент, работат центрифугите за ураниум на четири локации во Северна Кореја, најверојатно акумулирајќи нуклеарен материјал – посочи Чунг.
Тој додаде дека од 10 до 12 килограми ураниум се доволни за да се произведе нуклеарна бомба.
– Во овој момент е невозможно да се убеди Северна Кореја да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје преку меѓународни санкции. Обновувањето на разговорите помеѓу Северна Кореја и САД би можело да послужи како пробив во застојот во напорите за денуклеаризација – истакна Чунг.