ПОЧЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО БИТОЛА Се разговара за предизвиците во наредната фаза
Следните активности за периодот кој следи вклучуваат интензивирање на работите околу проектирањето и подобра координација меѓу сите засегнати страни.
Во Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа првиот состанок на Управувачкиот комитет кој ја следи реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и реконструкција на канализационата мрежа во Битола.
Управувачкиот комитет на проектот го сочинуваат претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Битола, Јавното претпријатие „Нискоградба“, Министерство за финансии и Делегацијата на ЕУ.
На состанокот биле презентирани тековниот статус и напредокот на проектот, кој во моментот е во фаза на идеен проект за пречистителната станица кој веќе е доставен од Изведувачот до Надзорот. Се разговарало за предизвиците кои стојат пред проектот во наредната фаза, како што се Основниот проект, организацијата на градилиштето, мобилизацијата, безбедносни прашања на градилиштето, како и квалитетот на работата.
Следните активности за периодот кој следи вклучуваат интензивирање на работите околу проектирањето и подобра координација меѓу сите засегнати страни.
Овој проект е важен чекор за подобрување на животната средина, третманот на отпадните води и инфраструктурата во општината Битола.
БИТОЛЧАНИ ДОЦНАТ СО ЕКОЛОШКИОТ ПЛАН Отпадните води ги поплавија роковите