БАРААТ ПЛАТА ЗА АВГУСТ, АРСОВСКА НЕ ГИ ПРИМИЛА НА СРЕДБА Протест на работниците од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“

И покрај тоа што потпишавме спогодба и колективен договор на ниво на работодавач, сè уште не се исплатени, не само платата за август, туку и регресот за 2022 година, јубилејната награда од 2022 година наваму и новогодишните награди. Беше договорено тоа да биде сукцесивно, а роковите одамна поминаа, изјави претседатедателот на Независниот синдикат на државната администрација, Горан Ристески.

379

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми-ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска на протест пред претпријатието и пред бараките на Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска бараа да им се исплати платата за август, регресот за годишен одмор, јубилејната награда за 2022 година и новогодишните награди.

– Се собравме пред Собранието на Град Скопје за да изразиме револт поради недобивањето плата за работниците од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и од „Луна“. Имено, и покрај тоа што потпишавме спогодба и колективен договор на ниво на работодавач, сè уште не се исплатени, не само платата за месец август, туку и регресот за 2022 година, јубилејната награда од 2022 година наваму и новогодишните награди. Беше договорено тоа да биде сукцесивно, а роковите одамна поминаа. Сега има и застарување на побарувањата – изјави претседатедателот на Независниот синдикат на државната администрација, Горан Ристески.






Откако дојдовме како синдикат во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и во „Луна“, вработените почнаа редовно да ги земаат платите, кои доцнеа по три-четири месеци, додаде тој.

– Во континуирана комуникација со сегашното раководство на „Паркови и зеленило“, сепак успеавме да ги доближиме разликите меѓу платите наназад, но, сега вработените немаат земено плата за август. Набрзо ќе немаат ниту здравствено осигурување – рече Ристески.

Тој посочи дека бараат Град Скопје да обезбеди пари за плата и додатоци, како и за регрес, јубилејна награда и за новогодишен додаток. за услугите што ги вршат ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“,

– Се обидовме да разговараме со градоначалничката на Град Скопје, не нè прими. Последниве месец дена не можевме да воспоставиме контакт ниту со директорот на „Паркови и зеленило“, кој е одговорен и за „Луна“. Од тие причини е организиран протест, со цел да се искаже револт. Вработените бараат плата и почитување на Законот за работните односи. До 15-ти во месецот да се исплати плата за секој вработен. Доколку не се исполнат барањата согласно закон ние ќе продолжиме со протестотт, а не се исклучени и порадикални мерки. Има разни опции, има бел штрајк – рече Ристески.

Во врска со јавните претпријатија кои не го собираат ѓубрето во Скопје, тој рече дека тоа е уште една приказна и дека и ова јавно претпријатие, како и другите не е во добра состојба и едвај врзува крај со крај.

Претседателот на Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“, Атанас Георгиевски истакна дека бараат навремена исплата на плата и на сите додатоци кои им следуваат согласно закон.

– Не нè интересираат никакви изговори, нè интересираат паричните средства кои ни следат – рече тој.

Поврзани содржини