СКРИНИНГ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ТРУБАРЕВО Кој има тегоби, може да се прегледа

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, што ќе се одржи утре и задутре, 24 и 25 септември.

144

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, што ќе се одржи утре и задутре, 24 и 25 септември, информираа денеска во изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски.

– Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта – појасни министерот Алиу.






Предвидено е скринингот да опфати: комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

– Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени на самото место или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија – појасни министерот Алиу.

Со оваа акција, како што посочи министерот, се овозможува навремено детектирање евентуални симптоми кај населението, со цел обезбедување на потребната здравствена заштита.

Поврзани содржини