ПОРАКА ГО КРИЕ МОТИВОТ ЗА УБИСТВОТО НА ЧАРЛИ КИРК Осомничениот меѓу редови го признал делото на социјалните мрежи?

Според шефот на ФБИ, изјавата на осомничениот на социјалните мрежи фрла ново светло за тоа кој бил мотивот на 22-годишниот Робинсон Тајлер да го изврши чинот.

754

„Некоја омраза едноставно не е предмет на преговори“.

Вака му одговорил осомничениот за убиството на Чарли Кирк на корисник на социјалната мрежа Дискорд каде што, според истрагата на ФБИ, осомничениот меѓу редови го признал убиството. Сепак, пораката не може да се смета за формално признание.






– Пронајдена е размена на текстуални пораки во кои осомничениот Робинсон конкретно наведува дека имал можност да се „ослободи“ од Чарли Кирк и дека имал намера да го стори тоа – изјавил директорот на ФБИ Кеш Пател во понеделникот, пишува „Њујорк пост“.

Според Пател, изјавата на осомничениот на социјалните мрежи фрла ново светло за тоа кој бил мотивот на 22-годишниот Робинсон Тајлер да го изврши чинот.

– Осомничениот го признал тоа – рече кратко Пател, додавајќи дека не сакал. На прашањето дали ФБИ истражува можност за поширок заговор, Пател истакна дека истрагата е сè уште во тек и дека се анлизираат сите контакти на осомничениот со други лица, преку телефон, СМС-порака или преку социјалните мрежи.

Претходно, истрагата за Тајлер утврди дека иако бил од конзервативно семејство преминал кон левичка радикализација и живеел со трансродов партнер. На чаурите од испуканите куршуми биле најдени пораки како „Еј фашисту, еве, фаќај!“ и „Ако го читаш ова, тогаш си геј“.

Пател додаде дека ФБИ ќе испрашува голем број луѓе со кои Робинсон комуницирал преку апликацијата Дискорд и други уреди, и дека агентите веќе работат на добивање судски налози за пристап до тие податоци.

– Запленивме неколку електронски уреди од домот на осомничениот и неговиот партнер – компјутери, лаптопи, играчки конзоли, мобилни телефони. Сето ова го работат нашите експерти, а благодарение на ресурсите што ни ги додели државниот обвинител, можеме да продолжиме напред со голема брзина – изјави тој.

Атентатот врз познатиот говорник, конзервативецот Чарли Кирк, ја потресе Америка. Јавната обвнителката на САД Пем Бонди не ја исклучи можноста обвинителите на осомничениот да му биде пресудена смртна казна.

– Исто така, ќе испитаме дали се оправдани федерални обвиненија, и доколку се, ќе соработуваме со државата за да се осигураме дека овој монструозен човек ќе добие најстрога можна казна – рече таа.

Бонди го пофали шефот на ФБИ за соработката со локалните институции во Јута велејќи дека на пиштолот биле пронајдени ДНК-траги од осомничениот.

 

Поврзани содржини