ДА КУПУВАМЕ ПРОИЗВОДИ НА „МАКПРОГРЕС“ Стопанска комора со иницијатива да ѝ се помогне на компанијата чии погони изгореа
Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на компаијата, а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката и задржување на работниците.
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески в петок ќе одржи состанок со синџирите маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на „Макпрогрес“ Виница.
Идејата на ваквата заедничка обединета бизнис активност во организација на Комората е во насока на поддршка на „Макпрогрес“ по пожарот кој сериозно уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката.
„ Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на компаијата, а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката, но најбитно и единствен начин за задржување на сите работници на работа во компанијата со што нема да се предизвика негативен ефект врз вработените и нивниот животен стандард“, се вели во соопштението.
Концептот за идното работење на Макпрогрес и за случувањата во фабриката, првиот човек на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов ќе им ги соопшти на присутните на состанокот во Комората в петок.
„Макпрогрес“ Виница ги произведува брендовите Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа..
Денвиве во фабриката изби пожар во кој изгореа еден од производните погони и магацини.