ПОКАЧУВАЊЕ ОД 20% ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Мицкоски го нарече историски договорот кој го потпиша Министерството за социјална политика, демографија и млади

Не е само зголемувањето на платите што треба да биде дваесеттина проценти, туку станува збор и за услови кои ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава, оцени премиерот Христијан Мицкоски во врска со колективниот договор кој го потпиша Министерството за социјална политика, демографија и младии со синдикатите УПОЗ и СОНК.

273

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за околу 20 проценти и подобрување на условите за работа.

– Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата започнувајќи од платата за месец август во периодот кој следи. Министерството за социјална политика, демографија и млади прави, би рекол, историски чекор во таа насока – рече Мицкоски по посетата на Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ (РЕК „Битола“).






Премиерот нагласи дека освен зголемувањето, колективниот договор значи и подобри услови за работа за вработените во овие установи.

– Не е само зголемувањето на платите што треба да биде дваесеттина проценти, туку станува збор и за услови кои ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава – рече Мицкоски.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна на 7 август го потпишаа Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

Поврзани содржини