ПОМИНАЛЕ 2 КРАКА НА ХАЛКИДИКИ СО СТАР „ФОРД ЕСКОРТ“ БЕЗ КЛИМА Авантурата на пар од Србија траела 2.000 жешки километри

Добро одржуван автомобил од постарите генерации издржува повеќе од овие новите преполни со електроника. А што се однесува до климите, од 20 нови возила кај 16 климата сигурно не работи, коментирал еден корисник на објавата на страницата „Грчка инфо“.

840

Млад пар од Србија се пофали дека ова лето ја обиколил Грција со стар „Форд Ескорт“ од 1984 година, без клима и без посебен комфор, но со многу ентузијазам и љубопитност, пишува српски Мондо.

Заљубените 20-годишници на страницата „Грчка инфо“ на Фејсбук споделиле дека за 17 дена поминале над 2.000 километри и дека посетиле повеќе од 14 места на два крака на Халкидики без ГПС навигација, без клима и без паника – само мапа, отворени прозорци и добро расположение.






„Спомените кои се паметат цел живот не зависат од луксуз, туку од добра енергија и желба да се открие секој агол од Грција“, напишал парот во објавата која предизвика многу позитивни коментари.

„Браво дечко“, „Секоја чест, само полн гас“ и „Браво, уживајте“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

Еден интернетџија напишал:

„Добро одржуван автомобил од постарите генерации издржува повеќе од овие новите преполни со електроника. А што се однесува до климите, од 20 нови возила кај 16 климата сигурно не работи“.

 

Поврзани содржини