НАПАДОТ НА БОЛНИЦАТА БИЛ ДВОЕН, НОВИНАРИТЕ ЗАГИНАЛЕ ВО ВТОРИОТ УДАР? Обединетите Нации бараат истрага за нападот во Кан Јунис

Според „Гардијан“, израелските сили двапати ја погодиле болницата Насер којашто е и последната јавна здравствена установа што остана недопрена во јужна Газа. Во текстот се вели дека вториот напад се случил 15 минути по првиот, токму кога стигнале спасувачи и новинари. Во 'двојниот удар' загинале новинари од Ројтерс, Асошиејтед Прес и од Ал Џезира, како и неколку независни репортери.

609

Обединетите нации побараа Израел да спроведе транспарентна и темелна истрага за убиствата во болницата Насер во Кан Јунис во Газа, каде што беа убиени 20 лица, меѓу кои и петмина новинари, пишува британски „Гардијан“.

– Потребна е правда – изјави Тамин Ал-Хитан, портпарол на Канцеларијата на ОН за човекови права, додавајќи дека бројката убиени новинари отвора прашања за тоа дали се таргетирани медиумските работници.






Според „Гардијан“, израелските сили двапати ја погодиле болницата Насер којашто е  и последната јавна здравствена установа што остана недопрена во јужна Газа. Во текстот се вели дека вториот напад се случил 15 минути по првиот, токму кога стигнале спасувачи и новинари. Во ‘двојниот удар’ загинале новинари од Ројтерс, Асошиејтед Прес и од Ал Џезира, како и неколку независни репортери.

– Потребно е истрагите да резултираат со мерки на одговорност, а не само да се најавува дека ќе бидат спроведени – предупреди Ал-Хитан, алудирајќи дека досега многу од истрагите на израелската армија останале без правна разврска.

Според извештајот на британската организација „Акција против вооружено насилство“ (АОАВ), дури 88% од воените истраги на Израел завршиле без разврска или казна.

Во последниот бран нерешени случаи спаѓаат и смртта на најмалку 112 Палестинци кои чекале брашно во февруари, како и воздушниот напад во камп со шатори во мај, кога загинале 45 лица. Истражувачите велат дека Израел се обидува да воспостави „модел на неказнивост“.

„Длабоко жалиме за трагичната несреќа“, соопшти Канцеларијата на израелскиот премиер.

Израелската армија соопшти дека спроведува истрага.

Трите познати медиумски куќи чиј персонал бил погоден објавија изјави со сочувство и барање за итна истрага. „Асошиејтед Прес“, „Ројтерс“ и „Ал Џезира“ истакнаа дека новинарите извршувале легитимна и неопходна работа и ги повикаа израелските власти на отчетност.

Поврзани содржини