КРАЈ НА ЕНИГМАТА ЗА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК? Ништо од вселенски портали и разни паранормални појави, науката има објаснување за митот
Причините за исчезнувањата во Бермудскиот триаголник, вели д-р Боксал, не треба да се бараат во сферата на необјаснивото. Се работи за екстремни, но сепак природни океански појави, тврди овој научник.
Во нов документарец посветен на една од најголемите тајни во модерната популарна култура, д-р Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон, Валика Британија, застанува пред камерите и го изнесува своето убедување: мистеријата за Бермудскиот триаголник е решена.
Не е причината во вселенските портали, скриените бази или пак други паранормални појави. Според Боксал, се работи за ретко случување кога три бури се спојуваат во еден точен момент и се создаваат смртоносни бранови, високи до 30 метри.
Оваа теорија е сместена во центарот на новиот документарец „The Bermuda Triangle Enigma“, а базирана е на симулации со модел на исчезнатиот USS Cyclops. Кога оваквите бранови ја погодиле мократа конструкција на бродот, тој брзо потонал во две де три минути.
Науката наместо легендите
Причините за исчезнувањата во Бермудскиот триаголник, вели Боксал, не треба да се бараат во сферата на необјаснивото. Се работи за екстремни, но сепак природни океански појави. Специфичната географија на регионот трансформира обично невреме во разорна морска сила.
Научниците од други институции, вклучувајќи ја NOAA, во голема мера се согласуваат дека во зоната се спојуваат плитки води, нерегулирани циклони и слаби навигациски капацитети, како причинителу за инцидентите. Ваквите услови не само што го отежнуваат пловидбениот надзор, туку овозможуваат и опасни хидродинамички феномени.
Далеку од фантастиката
Симулациите во документарецот покажуваат дека масивен бран може да го искриви и да свитка еден брод, а при таков стрес структурата буквално се крши на два дела. Според Боксал, ова не бара теории за исчезнување во друга димензија – туку јасна физичка сила.
Тоа што ги прави овие бранови толку опасни е нивната непредвидливост и брзината со која се формираат. Кога три различни временски системи ќе се спојат во еден момент, настанува експлозија од енергија – и бран што може да проголта сѐ пред себе.
Заблудите на популарната култура
Во читалиштата и на интернет, Бермудскиот триаголник е сѐ уште обвиткан со мистицизам. Пишувано е за исчезнувања на авиони и бродови што никогаш не се пронајдени, за пилоти што изгубиле контакт со контролата на летање, за компаси што се вртеат без контрола. Но, Боксал не верува во ниту една од тие теории.
Ова не е прв пат некој да се обиде да ја демистифицира оваа област. Уште во 1975 година, авторот Лари Куше излезе со книга во која укажа дека многу од случаите биле или преувеличени или погрешно интерпретирани. Сепак, тоа не го спречи ширењето на теориите на заговор.
Крајот на еден мит?
Тезата на Боксал за природните сили кои стојат во позадината на мистеријата во Бермудскиот триаголник очигледно го продолжува трендот на демистификација на оваа географска зона. Се чини дека конечно науката почнува да ги потиснува шпекулациите и митовите што се прераснаа во дел од колективниот имагинариум.
Но и покрај сѐ, триаголникот продолжува да инспирира. Можеби тоа не е поради навистина неразјаснетите феномени, туку затоа што претставува симбол – на страв, на неизвесност и на постојаната човечка потреба да се објасни непознатото.