ДЕТЕ ОСТАНА БЕЗ РАКА НА ПЛАЖА КАЈ БУДВА Експлодираше боца за нуркање, уапсен 45-годишник од Белград

Тинејџерот останал без рака откако метални делови од експлозијата го погодиле додека се наоѓал во близина на инцидентот. Според црногорската полиција, уште две лица биле полесно повредени и добиле медицинска помош. М. Б. (45) од Белград, бил уапсен под сомнение за предизвикување јавна опасност и незаконска употреба на нуркачка опрема.

411

Стравична експлозија ја потресе плажата во близина на Будва, кога без никакво предупредување пукнала боца за нуркање и тешко повредила 14-годишен турист од странство, пренесе Информер.

Тинејџерот останал без рака откако метални делови од експлозијата го погодиле додека се наоѓал во близина на инцидентот. Според црногорската полиција, уште две лица биле полесно повредени и добиле медицинска помош.






Осомничениот, М. Б. (45) од Белград, бил уапсен под сомнение за предизвикување јавна опасност и незаконска употреба на нуркачка опрема.

„Опремата не била регистрирана, ниту одобрена за употреба, што претставувало директна закана за безбедноста на луѓето околу“, соопштија црногорските власти.

На местото на настанот веднаш пристигнал јавен обвинител од Основното државно обвинителство во Котор, заедно со инженери од машинската струка, со цел утврдување на причините. По спроведените првични мерки, осомничениот бил приведен.

Настанот предизвикал паника меѓу туристите и мештаните.

 

Поврзани содржини