МЛЕКОМАТ ЗА СВЕЖО МАНАСТИРСКО МЛЕКО Кичевчани ќе пијат природно кравјо млекце
Жителите на Кичево и околината имаат модерен пристап до свежо кравјо млеко произведено од земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од манастирот „Св. Богородица Пречиста“.
Во центарот на Кичево е ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија. Обезбеден е со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Хемера и ЦЕП Можности.
МРФП соопшти дека жителите на Кичево и околината имаат модерен пристап до свежо кравјо млеко произведено од земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од манастирот „Св. Богородица Пречиста“.
– Млекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови, а освен млеко, потрошувачите имаат можност да си купат и сирење, рекол Станоја Станојовски од манастирот Света Богородица Пречиста, која е дел од земјоделската задруга Крнино.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.