НЕОБИЧНИ МАКИ НА КРАЛОТ ЧАРЛС И КРАЛИЦАТА КАМИЛА Инвазија од оси на нивниот имот за одмор

На имотот Сандрингам во Норфолк, каде што кралското семејство традиционално ги поминува божиќните и летните празници, оваа инвазија стана вистински предизвик за посетителите и персоналот.

234

Омилената резиденција на кралот Чарлс и кралицата Камила овие денови е под ужасна инвазија на оси и пчели, што им оневозможува да уживаат во својата сакана градина

На имотот Сандрингам во Норфолк, каде што кралското семејство традиционално ги поминува божиќните и летните празници, оваа инвазија стана вистински предизвик за посетителите и персоналот.






– Оваа година имаме ужасни оси во Сандрингам. Тие се вистинско искушение, не можете да се ослободите од нив. – изјави крализата Камила за време на посетата на фестивалот Ебор во Јорк.

Кралицата додаде дека дури и во нејзиниот приватен дом, куќата Реј Мил во Вилтшир, каде што се занимава со пчеларство, ситуацијата не е едноставна.

– Пчелите предизвикуваат проблеми и дома во Вилтшир затоа што оваа година се ројат на необичен начин – рече Камила.

Британските медиуми објавуваат дека околу Сандрингам се објавени предупредувања за посетители, а извори блиски до семејството објаснија зошто ситуацијата е особено комплицирана:

Кралот Чарлс е познат по својата љубов кон природата, но на сите им е јасно дека премногу оси можат да создадат проблеми за посетителите. Осите се клучни за екосистемот и никој не сака да им наштети. Но, оваа година ги има многу повеќе од вообичаено, што претставува предизвик.

Поврзани содржини