СКОПСКАТА ЧАРШИЈА ЌЕ ДОБИЕ 120 ПАРКИНГ МЕСТА За 10 дена треба да биде исчистен постојниот паркинг под Музејот на Македонија

Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг кој има капацитет за околу 60 возила и се наоѓа тука под Конзерваторскиот центар и Музејот на Македонија. Дополнително ќе се исчисти и уреди отворениот простор за паркирање со капацитет за уште 60 возила, најави вицепремиерот Изет Меџити на прес-конференција заедно со министерот за култура Зоран Љутков.

407

Посетителите и вработените во Музејот на Македонија и Националниот конзерваторскиот центар, како и еснафот на Старата скопска чаршија, за 10 дена ќе добијат паркинг простор за 120 возила.

Ова денеска го најавија првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Националниот Музејот во Старата чаршија.






– Започнуваме еден многу значен проект за понатамошен развој на чаршијата. Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг кој има капацитет за околу 60 возила и се наоѓа тука под Конзерваторскиот центар и Музејот на Македонија. Дополнително ќе се исчисти и уреди отворениот простор за паркирање со капацитет за уште 60 возила. Во рокот од 10 дена паркингот ќе биде функционален и во служба на посетителите, еснафот на Чашијата и вработените во двете институцији. Со овој денешен чекор целиме да ја оживееме чашијата, да го подобриме пристапот и да привлечеме повеќе туристи и посетители – истакна Меџити.

Вицепремиерот информираше дека во тек е постапка за избор на фирма за изградба на подземен паркинг кај плоштадот „Скендербег“ кој предвидува простор за 400 возила, за кој Владата има донесено одлука за одобрување средства од 25 милиони евра.

Според министерот Љутков, потребата за паркинг простор во овој дел од градот е реална со оглед на зголемениот број туристи.

– Во текот на годината, видовме дека бројот на туристи е на вистина многу зголемен. Реално се појавува потребата за поголен број на паркинг места. Како што каже и вицепремиерот, овој дел од Чаршијата, заедно со Музеј на Македонија, заедно со Националниот консерваторски центар и калетот, ќе заокружиме една приказна која ќе биде многу важна за туристите на градот Скопје – нагласи Љутков.

Поврзани содржини