🎥 ОТРОВНО СУШТЕСТВО СЕ ПОЈАВИ НА ПЛАЖИТЕ ВО ШПАНИЈА „Синиот змеј“ ги избрка туристите

Градоначалникот на Гвардамар дел Сегура, Хозе Луис Саез, на социјалната мрежа X информира дека на плажата Виверс биле забележани два примероци од Glaucus atlanticus. „Поради нивната појава, капењето е забрането. Апелирам до сите да се држат на дистанца од овие животни, за да се избегнат каснувања“, напиша Саез.

632

На југоисточниот брег на Шпанија, во познатиот туристички регион Коста Бланка, властите издадоа предупредување до посетителите да не влегуваат во морето поради појава на ретко и опасно морско суштество – таканаречениот „син змеј“.

Поради ова, капењето е привремено забрането на крајбрежен појас долг повеќе од 11 километри во околината на Гвардамар дел Сегура, северно од Торевиеха, пренесува „Скај њуз“.






Градоначалникот на Гвардамар дел Сегура, Хозе Луис Саез, на социјалната мрежа X информира дека на плажата Виверс биле забележани два примероци од Glaucus atlanticus. „Поради нивната појава, капењето е забрането. Апелирам до сите да се држат на дистанца од овие животни, за да се избегнат каснувања“, напиша Саез.

Откако завршила „специјалната операција за надзор“, нивото на тревога било намалено на жолто. Засега нема официјална потврда дали плажите повторно се отворени за капачите.

Поврзани содржини