ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ НА САМОТО МЕСТО Млад возач го загуби животот на патот Струга-Дебар

19-годишен маж загина во сообраќајка на патот Струга-Дебар, возилото излетало од коловозот.

950

19-годишниот Е.Н. од Велешта го загуби животот откако со својот автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат Струга-Дебар.

„На местото на несреќата возачот веќе бил починат, а лекар од Итна медицинска помош само констатирал смрт“, соопштија од СВР Струга.






Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција за да се утврдат сите околности што довеле до несреќата.

„Истражуваме дали несреќата е резултат на техничка неисправност на возилото или на условите на патот. Во тек е целосна проверка на сите фактори“, додаваат од полицијата.

Поврзани содржини