ПОДНЕСЕТЕ ГИ НАВРЕМЕ ПРИЈАВИТЕ ДДВ-04 И ПЛАТЕТЕ ГО ДАНОКОТ, АПЕЛИРА УЈП Крајниот рок е 25 август

До денеска само 11 отсто од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска, информира Управата за јавни приходи.

172

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите даночни обврзници на време да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е 25 август 2025 година.

До денеска, како што наведуваат, само 11 отсто од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска.






УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање со цел да се избегнат последични казни и дополнителни финансиски трошоци.

„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за усогласувањето со даночните прописи, одржувањето на финансиската стабилност на деловните субјекти и за поттикнувањето  стабилен и развиен економски систем“, се вели во соопштението.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: [email protected], на фиксната линија 0800 33 000 и на tелефонот 02 3253 200.

Поврзани содржини