КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА ПО МЕРКА ЗА СЕКОЈ ПОВРЕДЕН Сапорт Кочани донираше за повредените во пожарот во „Пулс“
Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а паритр се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари, соопшти иницијативата Сапорт Кочани.
Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните повредени лица од пожарот во Кочани, соопши организацијата.
Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување на повредените.
„Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а паритр се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари. Со оваа пратка е опфатена втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица“, соопшти организацијата.
Иницијативата Сапорт Коцани и понатаму останува посветена на транспарентност, заедничка поддршка и грижа за повредените, сè додека постои потреба.