ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 20 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА Црвеножолтите сениори го играат последниот претквалификациски меч

Видеолотарија Касинос Австрија и оваа среда ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

109

Видеолотарија Касинос Австрија и оваа среда ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

На 20 август со почеток во 19:00 часот, во СРЦ „Кале“, машката сениорска репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, овојпат против репрезентацијата на Унгарија.






Фото: Видеолотарија Касинос Австрија

Со овој меч, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе го затвори претквалификацискиот циклус за Светскиот Куп 2027 година.

„Под слоганот ‘Играј со најдобрите’, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да придонесува за поголеми успеси во македонскиот спорт. Со верба, гордо и силно – и на 20.08 ќе навиваме за црвено-жолтите!“, велат од Видеолотарија.

 

Поврзани содржини