ЌЕ ОДАТ ЛИ МАКРОН, МЕРЦ И СТАРМЕР СО ЗЕЛЕНСКИ КАЈ ТРАМП? Европските лидери денеска ќе донесат одлука

По самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Мерц изјави дека ги поздравува напорите на американскиот претседател да стави крај на војната во Украина и да постигне траен мир.

289

Европските лидери денеска ќе одлучат дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде придружуван за време на неговата посета на Вашингтон, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

На прашањето дали германскиот канцелар Фридрих Мерц би можел да го придружува Зеленски во Вашингтон, Вадефул одговори дека многу Европејци би сакале да патуваат со украинскиот претседател, доколку се донесе таква одлука.






– Тоа ќе биде договорено овој викенд, а желбата на Фридрих Мерц да преземе одговорност е очигледна и тој тоа јасно го покажа во изминатите денови. Ова прашање ќе биде колективно разгледано – изјави вчера Вадефул.

По самитот меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Мерц вчера изјави дека ги поздравува напорите на американскиот претседател да стави крај на војната во Украина и да постигне траен мир.

Француското претседателство соопшти дека денеска лидерите на земјите од „Коалицијата на подготвените“ – францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Мерц – ќе разговараат за ситуацијата во Украина.

ПУТИН ПОБАРАЛ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА УКРАИНА ОД ДОНЕЦК? Трамп го поддржал, Зеленски го отфрлил предлогот

фото: архива

Поврзани содржини