МАКЕДОНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ПОВТОРНО ГИ НЕМА НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА Македонија останува надвор од рангирањето

И годинава ниту еден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа, што ја нагласува потребата од системски реформи и поголема поддршка за научната и академската продуктивност.

1,110

И оваа година македонските универзитети остануваат надвор од глобалната елита, откако ниту една високообразовна институција од земјава не успеа да се најде на престижната Шангајска листа на најдобри универзитети во светот.

На врвот на рангирањето, по 23 пат, се наоѓа Универзитетот Харвард, а веднаш зад него се Стенфорд, Масачусетскиот технолошки институт, Кембриџ и Оксфорд. Тие се препознатливи по врвниот академски престиж, бројните научни достигнувања и истражувањата со светски импакт.






Шангајската листа ги оценува универзитетите според шест критериуми: број на добитници на Нобелова награда и Филдсов медал, објавени трудови во врвните научни списанија „Nature“ и „Science“, високо цитирани истражувачи, број на индексирани научни публикации и перформанси по глава на жител. Според овие показатели, македонските универзитети се далеку од светската конкуренција, што укажува на потребата од темелни реформи, зголемување на финансирањето и поттикнување на научната продуктивност.

Експертите по образование предупредуваат дека без сериозни интервенции, Македонија ќе продолжи да ја губи конкурентноста и младите таленти ќе продолжат да ја напуштаат државата во потрага по подобри можности за академски развој.

Поврзани содржини