ТОПЛОТНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА Сонцето ќе доминира до крајот на неделата

Топли денови со можност за попладневни нестабилности за викендот, предупредуваат метеоролозите од УХМР.

320

Според метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава во наредните денови ќе биде под влијание на стабилна и топла воздушна маса, со претежно сончево време и умерена облачност.

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Скопје ќе преовладува слична состојба – сонце, пријатна умерена облачност и ветер од север. Минималните температури низ земјата се движат од 11 до 20°C, а максималните ќе достигнат меѓу 30 и 38°C.






Во сабота продолжува сончевото и топло време, но попладне, особено во планинските предели, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен од североисточен правец. Температурите ќе бидат слични – минимални од 10 до 20°C, а максимални од 30 до 38°C.

Во недела, метеоролозите најавуваат сончево и топло време со умерена облачност. Попладне ќе има можност за изолирани локални нестабилности со пороен дожд и грмежи, а долж Повардарието ветерот ќе биде повремено засилен од северен правец. Минималните температури ќе се движат меѓу 11 и 20°C, додека максималните ќе достигнат од 30 до 37°C.

Поврзани содржини