📷 НА ПРОСЛАВАТА НА 30-ОТ РОДЕНДЕН НОСИ НАЈГОЛ ФУСТАН ДОСЕГА! Пејачката слави во многу смела креација
Дуа Липа има полни раце работа овие денови. Таа наскоро треба да го прослави својот 30-ти роденден, а сега пејачката најави дека со славењето започнала малку порано.
Дуа Липа има полни раце работа овие денови. Таа наскоро треба да го прослави својот 30-ти роденден, а сега пејачката најави дека со славењето започнала малку порано.
Дуа веќе објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм кои доловуваат само дел од атмосферата, а нејзината провокативна комбинација привлече големо внимание.
Пејачката одлучи да облече фустан за дневната забава кој беше специјално креиран за неа од францускиот дизајнер Симон Порт Жакумус.
Креацијата се одликува со прав крој, но и со резови на грбот и долниот дел од телото. Токму овие шлицови го привлекоа вниманието, бидејќи откриваат малку повеќе отколку што треба.
Стајлингот го надополни со сребрени додатоци, едвај забележлива шминка и брановидна фризура.
View this post on Instagram
„Рани роденденски прослави на мојот омилен остров со моите омилени луѓе во најубавиот фустан што ми го направи Симон… Едвај чекам да наполнам 30“, напиша таа во описот на објавата.
На прославата присуствуваа семејството и блиските пријатели, како и свршеникот, британскиот актер Калум Тарнер, кој цело време беше покрај својата сакана.
View this post on Instagram