НИЕ СМЕ ЗЕМЈА СО ЕДНА ОД НАЈНИСКИТЕ ЦЕНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ЕВРОПА Почна јавниот повик за субвенции на струја за ранливите категории

Премиерот рече дека според Евростат и според сите останати параметри, ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства.

91

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари.

– Toa кое можам исто така да го кажам е дека во неколку периоди на регулирање на електричната енергија, откако е оваа Влада, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена 15, 20, а во некои земји од соседството и 30 проценти – рече Мицкоски.






Премиерот додаде дека според Евростат и според сите останати параметри, ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства.

Инаку, за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице.

Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.

Поврзани содржини