📽️ ЖЕСТОКА ЖЕНСКА ТЕПАЧКА НА НАТПРЕВАР Фудбалерки од Мексико си корнат коси и се удираат

Фудбалерките се туркаа, влечеа, фрлаа и удираа додека нивните соиграчки се обидуваа да ги разделат. Двете добија директен црвен картон и беа исклучени по тепачката.

501

Фудбалерките Миа Зуазуа (26) и Нативидад Мартинез (24) го одбележаа натпреварот помеѓу Хуарез и Ксолос во петтото коло од Мексиканската женска лига, во која Хуарез победи со 2:0.

Двете фудбалерки се степаа во 22 минута среде теренот по еден дуел.






Тие се туркаа, влечеа, фрлаа и удираа додека нивните соиграчки се обидуваа да ги разделат. Двете добија директен црвен картон и беа исклучени по тепачката.

По натпреварот, Зуазуа побара прошка од тренерот на Хуарез, Оскар Фернандез, што го остави тимот со еден играч помалку.

– Разговарав со Миа, таа ми се извини. Не ја видов целата ситуација, само тој момент на телевизија, но ми рече дека ѝ е жал затоа што нè остави со десет играчи – рече Фернандез.

Засега не е познато дали, покрај црвениот картон, ќе добие дополнителни казни, бидејќи ниту лигата ниту клубовите сè уште не се огласиле.

 

Кои се Зуазуа и Мартинез?

Зуазуа е родена во Тексас. Таа играше како крилен играч и централен напаѓач за УАНЛ, Америка и Хуарез и е член на мексиканската репрезентација.

Мартинез е од Лас Вегас. Таа играше како фудбалерка од средниот ред за Атлас Гвадалахара, ФК Атомик Сити и Клуб Тихуана.

Поврзани содржини